Дома Фудбал Англија Гвардиола го „нападна“ Бенитез: Њукасл НЕ сакаше да игра!

Гвардиола го „нападна“ Бенитез: Њукасл НЕ сакаше да игра!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја истакна важноста на победата против Њукасл.

„Граѓаните“ успеаа да слават со голот на Рахим Стерлинг и така успеаа да ја зголемат предноста во однос на најблискиот конкурент Манчестер Јунајтед која сега изнесува огромни 15 бодови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Воодушевени сме, но многу е тешко да играте кога другиот тим едноставно не сака да игра. На крајот сепак успеавме да славиме со 1:0. Како менаџер морам да се прилагодам. Игравме против тимови кои форсираат висок пресинг, низок пресинг… Секој менаџер и секој тим може да игра како што сака, тое сопствен избор, моја работа е да пронајдам начин како да ги победам“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во овој натпревар имаше посед на топка 78% и 21 удар кон голот на ривалот, додека Њукасл упати шест удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…