Дома Фудбал Шок и солзи на тренингот на Торино: Без најдобриот до крајот на сезоната!?

Шок и солзи на тренингот на Торино: Без најдобриот до крајот на сезоната!?

Најдобриот фудбалер на Торино, човекот за кого во текот на летниот преоден рок се вртеа огромни суми би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Денешниот тренинг на Торино, во солзи го напуштил Андреа Белоти, напаѓачот на клбуот и италијански репрезентативец. Како што пишуваат италијанските медиуми се работи за повреда на коленото, иако официјална потврда сеуште нема.

Првите прогнози се катастрофални и говорат дека Италијанецот би можел да биде надвор од терените и шест месеци.

Солзите на лицето на Белоти биле јасен знак за медиумите дека повредата сериозна, од клубот само истакнаа дека после деталните прегледи ќе излезат со официјална информација.

Белоти од почетокот на сезоната имаше проблеми со коленото, но сепак на 18 натпревари успеа да постигна седум погодоци. Во минатата сезона беше стрелец на 26 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…