Машката ракометна репрезентација, веќе на големо се подготвува за претстојното ЕП во Хрватска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес на екипата и се придружија и Филип Миркуловски и Филип Талевски кои синоќа ги одиграа последните дуели за своите екипи во германското првенство.
Според првичните информации од Раул Гонзалес, тој ќе работи со составот до крајот на оваа календарска година во Скопје, а веќе за 4. и 5. јануари најави контролни средби против Саудиска Арабија и Србија во Белград.
Македонската на ЕП во Хрватска, за потсетување се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на Германија, Словенија и Црна Гора.