Дома Фудбал Шпански клуб почна преговори со Монтела

Шпански клуб почна преговори со Монтела

Винченцо Монтела неодамна доби отказ од кормилото на Милан, но најверојатно нема долго да остане без работа.

Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека Монтела наскоро би можел да се пресели во Шпанија и да го преземе тимот на Севиља, бидејќи клубот веќе започнал преговори со италијанскиот стратег.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај Монтела на листата претенденти за столчето на Севиља се уште Валтер Мацари, Луис Енрике, Томас Тухел и Хави Гарсија.

Минатата недела Севиља му врачи отказ на тренерот Едуардо Берицо поради серијата на лоши резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилски голман сруши рекорд: Одигра најмногу натпревари во историјата на фудбалот, само Роналдо може да го стигне

Бразилскиот голман Фабио Деивсон Лопез Мачиел официјално стана фудбалерот со најмногу одиг…