Дома Фудбал Англија Незадоволство во таборот на „топџиите“, Венгер спремен да го продаде Санчез!?

Незадоволство во таборот на „топџиите“, Венгер спремен да го продаде Санчез!?

Aрсен Венгер минатото лето одби 65 милиони евра од Манчестер Сити за Алексис Санчез (29).

Договорот на Санчез истекува минатото лето и може да замине како слободен фудбалер, но Арсенал наводно со задоволство сега би го продал Санчез во јануари за помала сума. Причината е јасна, би добиле некое евро за одличниот Чилеанец, но англиските медиуми пишуваат и дека има незадоволство помеѓу фудбалерите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, однесувањето на Санчез на тренинзите наводно ги иритирало неговите соиграчи кои посебно биле лути на него после ремито со Саутемптон (1:1). Чилеанецот на тој натпревар изгледаше целосно незаинтересирано и отсутно, па Венгер сака мир во соблекувалната до крајот на сезоната со цел да се избори место во Лигата на шампионите. Наводно, некои фудбалери и му приговориле на Венгер што не го продал кога имал прилика.

Сега во медиумите се наведува дека Венгер би го продал Санчез и за 40 милиони евра, а пред крајот на преодниот рок веројатно би се согласил и на помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…