Чешкиот тенисер Томаш Бердих беше прва замена за завршниот Мастерс во Лондон, но одлучи да им се заблагодари на организаторите за тоа и да му ја „намачка“ на Малдивите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како причина за отсуството тој ја наведе повредата и лекарската препорака дека мора да се одмора.
„Лекарите ми рекоа дека треба да направам пауза од две недели, па потоа ќе видиме што ќе биде со мене и како ќе продолжам понатаму“, изјави тенисерот кој во Лондон беше замена за Гофан. После одлуката тој се упати на фантастичните плажи од Малдивите во друштво на својата поубава половина, Естер Саторове.