Дома Ракомет Лазаров: Хрватска не е далеку, повторно ќе имаме голема поддршка

Лазаров: Хрватска не е далеку, повторно ќе имаме голема поддршка

Денес во ракометната репрезентацијата на Македонија која престојува во хотелот „Александар Палас“ и се придружи и капитенот Кирил Лазаров, а до крајов на неделата се очекува истата да биде комплетирана.

„Хрватска не е многу далеку од Македонија, па очекувам да имаме голем број навивачи. Јас секогаш сум оптимист па и сега. Во овој момент репрезентацијата е спој на младост и искуство и сигурен сум дека можеме да си помагаме меѓу себе. Сите мораме да гледаме позитивно и ќе се обидеме да направиме добар резултат и повторно да ја израдуваме Македонија“, изјави Лазаров.

Капитенот на нашата репрезентација денес го одработи и првиот тренинг, наскоро се очекува да пристигнат и интернационалците од Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Станковска по златото во Пловдив оди на нов боксерски тест во Бања Лука

Софија Станковска на 5 ноември ќе боксува против Австријката Лина Ленц на „Златна ракавица…