Дома Фудбал Останато Џорџ Веа: На Бог и на Венгер им должам се што постигнав

Џорџ Веа: На Бог и на Венгер им должам се што постигнав

Некогаш најдобриот фудбалер во светот, Либериецот Жорж Веа денес изјави дека Арсен Венгер имал огромно влијание во неговиот успех.

Монако беше првиот европски клуб за кој заигра Веа, во Кнежеството помина четири сезони (1998-1992), пред да се појави на голема сцена во дресот на ПСЖ и Милан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Венгер на мене гледаше како на син. Сакаше да бидам секогаш со него на теренот. Еден ден бев уморен и чуствував главоболка, а тренерот ми кажа дека тоа го разбира, но и дека е важно напорно да работам, јас го послушав и го започнав тренингот. Освен на Бог, му се заблагодарувам и на Венгер, бидејќи доколку тој не беше, ништо не би постигнал“, изјави единствениот афрички фудбалер кој ја добил Златната топка.

Веа врвот на својата кариера го достигна во Милан каде што од 1995 до 2000 година освои две титули во Серија А, а потоа со помал успех настапуваше за Челзи, Манчестер Сити, Марсеј и Ал Џезеира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…