Манчестер Јунајтед синоќа прокоцка шанса да забележи важна победа на гости, откако Лестер во последната минута од мечот израмни на 2:2.
Жозе Мурињо беше видно разочаран после натпреварот и истакна дека неговиот тим направи „детски грешки“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не победивме бидејќи пропуштивме неверојатни шанси, би рекол смешни шанси, а потоа во последната секунда од натпреварот направивме голема дефанзивна грешка. Тоа е акумулација на грешки во лесен натпревар во кој требаше да победиме. Тимот добро играше, а во второто полувреме резултатот требаше да биде поинаков. Но реалноста е дека е 2-2“, истакна Мурињо.
„Бевме казнети од нашите грешки. Тоа беше лесен натпревар за победа, но кога ќе направите неколку детски грешки, тогаш ќе бидете казнети на крајот“, додаде „Специјалниот“.