Барселона денес го победи Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“ со 3:0 и остана единствената непоразена екипа во Европа заедно со Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оваа победа Каталонците ја зголемија разликата над лутиот ривал за цели 14 бода, па иако е средина од сезоната, сепак може да се каже дека се блиску до титулата.
После натпреварот имаше „лудо“ славје во соблекувалната, а некои од фудбалерите тоа го покажаа и на социјалните мрежи.
Најголемо внимание привлече Алиеш Видал кој со својот став го имитираше Кристиано Роналдо и така го исмеа.
