Рајан Гигс даде инетересно интервју за англиските медиуми каде зборуваше за Манчестер Јунајтед и ја критикуваше трансфер политиката на клубот.
Гигс, кој после играчаката кариера му беше помошник на Ван Гал на клупата, смета дека „црвените ѓаволи“ комплетно погрешиле со трансферите и доколку го слушале него сега Габриел Жесус и Килијан Мбапе би биле на „Олд Трафорд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го гледав Жесус уште пред три години. Мбапе го следев цела година. Ги гледав со скаутите и тука немаше што да се размислува, беше јасно какви фудбалери се. На сите во клубот им зборував дека треба да ги доведеме. Тогаш тие чинеа околу 5 милиони фунти или нешто повеќе. Ги советував – купете ги и дадате ги на позајмица. Тоа ќе беше одлично решение“, открива Гигс.