Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за младиот талент на Милан, Мануел Локатели, пренесуваат италијанските медиуми.
19-годишниот играч за врска на „росонерите“ блесна минатата сезона, дури и со својот гол го реши дербито со Јувентус, но оваа сезона добива мала минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Несомнено дека станува збор за еден од најголемите таленити на Апенините, па „бјанконерите“ сакаат да ја искористат лошата ситуација во Милан и да го донесат во Торино.
Милан и Јувентус имаат добри односи, како што покажуваат трансферите на Лео Бонучи и Матија де Шиљо ова лето, па „старата дама“ веќе спремила понуда за Локатели.
Сепак, „росонерите“ тешко дека ќе се согласат да се разделат со младиот фудбалер за кого сметаат дека е иднина на клубот.