Дома Фудбал Останато Драмтична ситуација во Ајакс: Ван Дер Сар „полуде“ и го отпушти тренерот и целиот стручен штаб!

Драмтична ситуација во Ајакс: Ван Дер Сар „полуде“ и го отпушти тренерот и целиот стручен штаб!

ajax

Иако пред само нешто повеќе од шест месеци играа во финалето од Лигата на Европа, ситуацијата во Ајакс, благо кажано е драматична.

Холандскиот гигнат прво не успеа да се пласира во Лигата на шампионите откако загуби од Ница, а потоа ниту во Лигата на Европа каде што беа исфрлени од Розенборг. Во првенство колку-толку успеваат да се одржат и сега се второпласирани со пет бода заостанување зад лидерот ПСВ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак врв на лошата ситуација во клубот беше вчерашната елиминација од Твенте во купот. Ајакс водеше со 1:0 се до судиското продолжение, домаќините изедначија и на крајот успеаа да се пласираат во следната фаза преку изведувањето на пенали.

Генералниот директор и клупска легенда Едвин Ван Дер Сар го изгуби трпението. Отказ доби тренерот Марсел Кеизер и комплетниот стручен штаб, а на „улица“ заврши и Денис Бергкамп, помошникот на Кеизер исто така поранешн фудбалер на Ајакс.

„Јас и Марк Овермарс (техничкиот директор) многу разговаравме во последно време и заклучивме дека вака повеќе не можеме понатаму. Погрешно се работеше уште од летото и промените мораа да се случат“, изјави Ван Дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…