Дома Фудбал Засилувањето кое се покажа како полн погодок за Барса го повика Кутињо на „Ноу Камп“

Засилувањето кое се покажа како полн погодок за Барса го повика Кутињо на „Ноу Камп“

paulinho

Како што изгледа во овој момент изгледа како целиот тим на Барселона се обидува да го убеди Фелипе Кутињо да се пресели на „Ноу Камп“.

Последен во низата кој истакна дека посакува Кутињо да пристигне во Барселона е Бразилецот, Паулињо кој ова лето пристигна во Каталонија.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Секој од нас се надева дека во Барса ќе пристигнат одлични фудбалери. Имам фантастична група на фудбалери и без Кутињо, навистина работиме добро. Тој е фудбалер за кој е потребно многу да се зборува. Кутињо е фудбалер кој може да направи разлика. Млад е и има големо искуство во Европа, би сакал да дојде. Сигурно дека би бил големо засилување за нас. Би бил среќен доколку управата го доведе“, изјави Паулињо за „Мундо Депортиво“.

Според некои информации Кутињо би требало да потпише договор на пет години вреден 60 милиони евра, а Ливерпул би добил 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…