Дома Фудбал Италија Милан демантира: Гласините за Бонучи се смешни, капитенот не оди никаде!

Милан демантира: Гласините за Бонучи се смешни, капитенот не оди никаде!

Денес главна вест на Апенините е евентуалниот трансфер на Леонардо Бонучи во јануарскиот преоден рок.

Имено, „Газета дело Спорт“ најави дека Бонучи наводно бил разочаран од резултатите и од проектот на Милан и дека е спремен да го напушти „Сан Сиро“ во јануарскиот преоден рок.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Оваа вест силно одекна на Апенините бидејќи дефанзивецот беше најголемото засилување на Милан ова лето и веднаш ја доби капитенската лента.

Поради тоа денес реагираше миланскиот гиганти, кој преку официјално соопштение категорично ги демантираше ваквите гласини.

„Гласините кои се појавија во медиумите поврзани за Бонучи се чиста невистина. Лео силно го посакуваше Милан во текот на летото, верува во нашиот проект и нема ни минимална интенција да замине. Напротив, тој како вистински лидер и капитен напорно работи за што побрзо тимот да ја преброди тешката ситуација“, стои во соопштението на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…