Дома Топ вести „Газета“ најавува спектакуларен трансфер: Леонардо Бонучи го напушта Милан!?

„Газета“ најавува спектакуларен трансфер: Леонардо Бонучи го напушта Милан!?

bonucci

Можно ли е вакво сценарио?

Како што пишуваат италијанските медиуми, Леонардо Бонучи е разочаран од Милан и постои можност дефанзивецот да замине.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Да потсетиме, Бонучи минатото лето премина за сума од 40 милиони евра од Јувентус во редовите на Милан и тој трансфер се смета за еден од најконтроверзните во Италија во последните неколку години.

Меѓутоа амбициозниот проект на Милан во кој потрошија повеќе од 200 милиони евра, не дава резултати и тимот се наоѓа 14 бодови од местото кое води во Лигата на шампионите.

Според „Газета Дело Спорт“ Бонучи се сомнева во проектот на Милан, а истиот извор наведува дека Манчестер Сити е спремен да го доведе.

Не е тајна дека Бонучи е тип на играч каков што посакува Гвардиола, а неколку пати веќе го фалеше италијанскиот репрезентативец, истакнувајќи дека е еден од ретките кои можат да креираат игра да и одигруваат прецизни пасови.

Освен Сити и ПСЖ како и Челзи се заинтересирани за дефанзивецот. Сепак, тешко е да се верува дека Бонучи може да го напушти Милан после само неколку месеци, но вреди се спомене и дека никој не веруваше кога за прв пат се појавија информациите дека може да го напушти Јувентус и да премине во Милан.

gazeta

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…