По шестмина Хрвати кои веќе неколку дена се во притвор, српската полиција денес уапси уште тројца хулигани поради учество во нередите на дербито во Белград, а на двајца им е одреден притвор од 30 дена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Агенцијата Танјуг јавува дека по сослушувањето им се изречени казни поради можност за повторување на кривичното дело, додека на едниот од осмоничените му е одреден куќен притвор со електронски надзор.
Бранителите на обвинетите можат да се жалат на оваа пресуда кај повисокиот суд во Белград.