Галатасарај е во потрага по нов тренер откако ја прекинаа соработката со Игор Тудор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со турскиот гигант се поврзуваа голем број на тренески имиња, а се истакна она на Славен Билиќ.
Турскиот гигант минатиот викенд забележа пораз по што ја изгуби лидерската позиција во првенство, па Тудор веднаш заработи отказ, а како главен кандидат се споменува името на неговиот сонародник.
Според турските медиуми директорот на клубот Чанг Ергун веќе разговарал со Билиќ.
Да потсетиме, Билиќ е без клуб откако заработи отказ во Вест Хем по серијата лоши резултати. Иначе привремено функцијата тренер во Галатасарај ја извршува Емрах Бајрактар.
Покрај Билиќ се споменуваат имињата на Фатих Терим, Роналд Куман, Лоран Блан и Томас Тухел.