Дома Топ вести Атлетико ја тужи Барселона за врбување на Гризман

Атлетико ја тужи Барселона за врбување на Гризман

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид поднел тужба против Барселона до ФИФА за нелегално преговарање за трансфер со Антоан Гризман.

Атлетико смета дека Барселона спротивно на правилниците за трансфери на фудбалери, нелегално пристапила и се обидела да го врбува Гризман.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Атлетико ја тужи Барселона за контактирање со Антоан Гризман затоа што тој е под договор со нас. Ваквиот чин може директно да влијае на борбата за титулата во Ла Лига затоа што двата клуба имаат шанси за неа”, се вели во соопштението од Атлетико.

Гризман има откупна клаузула од 100 милиони евра, а директорот на Барселона, Гилерме Амор отворено призна дека има „големи шанси“ Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.

Ова може да биде проблем за Барселона доколку ФИФА утврди дека Каталонците нелегално го контактирале играчот.

Целата ситуација внилателно ја следи Манчестер Јунајтед кој исто така силно е заинтересиран за потписот на Антоан Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Аталанта по три порази по ред конечно триумфира во Серија А

По три последователни порази, фудбалерите на Аталанта конечно се вратија на победничкиот п…