Дома Фудбал Масимо Одо: Милан мора да го заштити Гатузо

Масимо Одо: Милан мора да го заштити Гатузо

Масимо Одо има порака за тимот на Милан…

Тренерот на Удинезе, Масимо Одо, зборуваше за италијанските медиуми и во таа прилика ја прокоментира ситуацијата во својот поранешен клуб Милан, но систуацијата со Џенаро Гатузо кој е негов поранешен соиграч.

„Секоја ситуација е поинаква и проблемите не се секогаш исти. Не сакам да си дозволам себе си да му судам на мојот пријател Гатузо. Тој се најде во незгодна ситуација, но се надевам дека Милан ќе застане во негова заштита“, изјави Одо.

Многу полемика во Италија се води и за т.н ВАР.

„Јас сум фан на ВАР. Во фудбалот се случуваат човечки грешки. Поради тоа користењето на ВАР во клучните моменти е апсолутно во ред. Технологијата мора да се користи и на Светското првенство бидејќи фудбалот е неверојатен бизнис“, заклучи Одо.

gatuso

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…