Дома Трансфер зона Иско може да бира: Пристигнуваат понуди од сите страни!

Иско може да бира: Пристигнуваат понуди од сите страни!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, фудбалерот на Реал Мадрид Иско преку својот менаџер добил три понуди кои тешко дека ќе може да ги одбие.

Наводно за фантастичниот плејмејкер се силно заинтересирани Манчестер Сити, Јувентус и ПСЖ и сите три клуба се спремни да му понудат на Иско многу поголема плата од онаа која ја заработува во Реал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, прашање е дали „кралевите“ ќе прифатат да се разделат од шпанскиот репрезентативец кој во последно време се наметна како еден од најважните фудбалери во тимот.

Иско во Реал пристигна во 2013 година од Малага, па иако во прво време не добиваше голема минутажа, сепак во последната година конечно го доби статусот кој го заслужува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…