Фудбалерите на Барселона синоќа го победија Депортиво на „Камп Ноу“ со високи 4:0 и повторно ја вратија разликата од 6 бода во однос на Атлетико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси не се запиша во листата на стрелците. Аргентинецот два пати ја погоди стативата, потоа пречката, промаши пенал и три зицери, но и покажа голема несебичност.
Имено, при резултат 0:0 Меси одлично беше проигран од Иниеста и се најде сам пред противничкот голман. Иако можеше да бира во кој агол да ја смести топката, тој се одлучи да го проигра Суарез, кој погоди за 1:0.
Со овој потег Меси покажа дека воопшто не е себичен и дека го става тимот пред себе си. Шпанските медиуми веднаш го поставија прашањето:
„Што би направиле Роналдо и Нејмар во ваква ситуација?“