Според бројни тврдења во последните денови низ медиумите, се поизвесно е дека Каталонците оваа зина ќе тргне во напад на барем тројца играчи.
Прва и најголема желба, и овој пат е Фелипе Кутињо, кој уште еднаш побара од Ливерпул да го пушти на Камп Ноу, а Барса ќе понуди 120. милиони евра плус бонуси.
Втората желба е Џери Мина, бидејќи Хавиер Маскерано најверојатно ќе замине на крајот од јануари кога ќе се врати Умтити, бидејќи даде ветување дека ќе остане до крајот на преодниот рок. Барса за колумбиецот мора да плати 12 милиони.
Третото име е играчот за врска на Гремио, Артур, кој е желба на спортскиот директор Роберт Фернандез. Неговата откупна клазула изнесува 50 милиони евра.
Покрај нив, каталонските медиуми потврдија дека трансферот на Гризман е завршен, но ќе биде реализиран во текот на летото, а Каталонците за него ќе ја платат откупната клозула од 100. милиони евра.
Коментари