Популарниот Биг Сем на местото шеф на стучниот штаб е поставен наместо Роналд Куман, а под негово водство „Карамелите“ запишаа два триумфи и реми во Премиер лигата со победа над Аполон за простување од Лига Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во понеделник играат против последнопласираниот Свонси, за продолжување на низата, но добрите резултати не го прелажаа искусниот стратег.
Алардајс е свесен дека ќе мора да ја засили екипата, па така во јануари на „Гудисон“ би можеле да стигнат уште тројца нови играчи.
Имено, Евертон е на прагот на договор со Лил околу нивниот дефанзивец Адам Сумаоро, додека на радарот на клубот од Ливерпул се наоѓа и напаѓачот на Кристал Палас, Кристијан Бентеке, како и играчот за врска на Севиљам Стивен Н’Зонзи.
Сумаоро може да покрие четири позиции во дефанзивната линија, а се верува дека Лил ви прифатил да го продаде за околу 25 милиони евра.
Што се однесува до Бентеке, Алардајс изминатата сезона соработувал со Белгиецот во Кристал Палас, добро го познава и верува дека таков напаѓач би бил од голема помош за „Карамелите“.