Вардар славеше во дуелот против Шкупи со победа од 2:0 и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Благодарение на Бобан Николов и Максим Максимов, црвено-црните беа убедливи во мечот против екипата од Чаир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Отпорот на Шкупи траеше нешто повеќе од еден час, а резултатот го отвори Николов со прецизен удар со глава, на одличната асистенција на Дејан Блажевски.
Во финишот Николов му направи чиста позиција на шпицот на Вардар, Макимов, а рускиот интернационалец лесно погоди и го потврди патот на „црвено-црните“ кон четвртфиналето.