Дома Фудбал Англија Одлични вести за Алардајс и Евертон, во првиот тим се приклучува човекот кој паузираше речиси една година

Одлични вести за Алардајс и Евертон, во првиот тим се приклучува човекот кој паузираше речиси една година

Како што пренесуваат англиските медиуми, Јаник Боласи се наоѓа пред кам бек во првиот тим на „Карамелите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој веќе настапи како резервен играч во вториот тим на Евертон, а вечерва првпат по повеќе од 12 месеци ќе заигра во стартниот состав, кога У23 екипата на Евертон ќе се состане со Динамо Загреб.

Фудбалерот на Конго не го стартуваше мечот на сениорско ниво уште откако во декември минатата година се повреди на средбата со Манчестер Јунајтед.

Напорно работеше на закрепнување, со цел што побрзо да се врати на терен, а по вечерашниот дуел во резервниот тим на „Карамелите“, ќе биде јасно колку е одалечен и од првиот тим на екипата од Ливерпул.

Тој денес на социјалните мрежи сподели фотографија, на која може да се види дека е во копачки во сопствениот дом, што доволно зборува за тоа колку е среќен што се враќа на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Босна прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто (Видео)

Вечерва, според средноевропското време, во 21:00 часот фудбалската репрезентација на Босна…