Дома Фудбал Англија ВБА влекува во битка за трансфер целта на Клоп

ВБА влекува во битка за трансфер целта на Клоп

„Црвените“ од Ливерпул покажаа интерес за одличниот дефанзивец, но тука е Вест Бромвич да им ги “помрси сметките”.

ВБА летоска на позајмица го донесе репрезентативецот на Египед, Ахмед Хегази. Тој е на позајмица до крајот на сезоната, но ВБА има право да го откупи договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул покажа интерес за неговите услуги, на тимот на Клоп му се неопходни квалитетни дефанзивци, но германецот ќе мора да бара други решенија, бидејќи Хегази ке остане во ВБА.

Имено, стручниот штаб на чело со новиот тренер Алан Пардју сака да го задржи Хегази, кој се најде во стартниот состав на сите натпревари во ПЛ оваа сезона.

ВБА во договорот за египќанецот вметна клазула по која за 4.5 милиони фунти до 30. јуни, во било кое време може да го откупи неговиот договор.

Тоа планираат да го направат уште во јануари, со што ќе го одбијат интересот на Ливерпул, но и други клубови од ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…