Нашата редакција и овој викенд ќе ви даде неколку предлог типови од понудата на он-лајн обложувалницата 1xBet.com.
Палермо – Тернана
Палермо е лидер во Серија Б и најголем фаворит за враќање во елитата, додека Тернана до крај ќе се бори за опстанок. Ова е противник по мерка за Несторовски и компанија, кои во натпреварот влегуваат на крилјата на големата победа против Бари. Интересно, Тернана има серија од 7 реми на последните 7 меча, но ние сметаме дека на Сицилија ќе ја прекине таа серија. Нашиот предлог е Тип 1, коефициентот според 1xBet изнесува 1,62.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торино – Наполи
Наполи нема победа на последните два меча и веќе го загуби лидерското место на табелата, па тимот на Сари сигурно ќе сака да им се врати на победите. Меѓутоа ова е тешко гостување, а биковите се на крилјата на големата победа над Лацио. Нивните меѓусебни дуели секогаш изоболуваат со голови, па веруваме дека и овој пат ќе биде ефикасно. Нашиот предлог е „повеќе од 2,5 гола“, а коефициентот според 1xBet изнесува 1.60.
ВБА – Манчестер Јунајтед
Домаќинот влегува во натпреварот после големиот бод освоен на „Енфилд“ и секој бод им е од голема важност во битката за опстанок, но ние предност му даваме на тимот на Мурињо. „Црвените ѓаволи“ мораат да ги освојат трите бода доколку сакаат да ги задржат и минималните шанси за титулата. Нашиот предлог е Тип 2, а коефициентот според 1xBet изнесува 1,63.
Верона – Милан
Верона е на претпоследното место на табелата и до крајот ќе води грчевите борба за опстанок, но Милан игра многу подобро после доаѓањето на Гатузо. Квалитетот е на страната на „росонерите“ кои пред два дена остварија лесна победа во Купот против Верона. Поради тоа нашиот предлог е Тип 2, а коефициентот според 1xBet изнесува 1,61.