Дома Топ вести Врие во соблекувалната на Барса: Започна општа побуна, а за се е виновен Меси

Врие во соблекувалната на Барса: Започна општа побуна, а за се е виновен Меси

Лео Меси неодамна го продолжи договорот со Барселона, на општо задоволство на целиот тим, но најавеното доаѓање на Кутињо и најавите дека Каталонците сакаат да го купат Гризман ја зголемија температурата во соблекувалната.

Кутињо наводно веќе се договорил со раководството и ќе добива годишна плата од 14 милиони евра, што ќе биде трета највисока плата на „Камп Ноу“ после Меси и Суарез. Меѓутоа, тоа во целост ќе ја наруши платната структура во клубот, а се зборува дека платата на Гризман ќе биде и подобра од таа на Бразилецот, односно еднаква на онаа на Суарез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Водач на побуната е Жерард Пике, еден од фудбалерите со најголемо влијание во соблекувалната. Тој предупреди дека ваквите потези се лудост, а неговото мислење го дели и тренерот Ернесто Валверде, кој од клубот бара единствено да доведе дефанзивец.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Пике има плата од 9,5 милиони евра по сезона, колку и Иниеста. Но, Алба заработува околу 5 милиони, Бускетс 7, а Ракитиќ околу 6 милиони. Од првотимците најмала плата има Умтити кој заработува 3,5 милиони.

Во Барселона знаат дека ваквата ситуација е неодржлива, па сакаат да се ослободат од неколку фудбалери, пред се од Арда Туран чија плата е приближно 9 милиони евра, потоа Андре Гомеш, Вермален и Рафиња. Сите овие фудбалери заедно заработуваат повеќе од 20 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белингам ги избра најдобрите двајца фудбалери со кои играл

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите …