Леонардо Бонучи не сакаше да одговори на едно прашање…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на „росонерите“ беше гостин на Божиќната журка на младите категории на Милан.
Најтешкото прашање му го постави едно девојче.
„Зошто замина од Јувентус“, го запраша девојчето, а Бонучи и одговори.
„Се случија некои работи за кои не треба да се зборува, премногу си мала за да можеше да разбереш. Имаше работи кои не примораа и мене и клубот да се разделиме. Во животот некогаш мора да донесеш некои одлуки. Милан ми даде шанса која не смеев да ја пропуштам, не размислував ниту момент“, истакнал Лео.