Фернандо Торес во Атлетико оваа сезона не е стандарден, но смета дека сеуште има што да даде за „јорганџиите“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот напаѓач верува дека би можел да го продолжи договорот со Атлетико кој му истекува во јуни.
За некогаш најдобриот шпански напаѓач постои интерес од клубови од Америка и Кина, но како што истакна самиот Торес тој има само една желба.
„Се надевам дека ова нема да биде моја последна сезона во Атлетико. Мојата желба е да продолжам тука. Помислам дека секој нареден натпревар може да биде и последен за овој клуб, тоа ми дава дополнителна мотивација“, изјави Торес.