Дома Фудбал Англија Покетино се огласи, па ги разочара навивачите на Тотенхем: Повреда во незгоден момент за клучниот играч

Покетино се огласи, па ги разочара навивачите на Тотенхем: Повреда во незгоден момент за клучниот играч

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна денес дека дефанзивецот Тоби Алдервејрлд до февруари следната година ќе биде надвор од терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот дефанзивец ја повреди задната ложа на дуелот против Реал Мадрид во ЛШ.

Тотенхем од тогаш на само еден од шесте натпевари во ПЛ ја сочува својата мрежа.

„Не можеме да ја промениме реалноста, а тоа е дека Алдервејрлд се повреди и не може да ни помогне. Некои играчи имаат поголемо влијание во тимот, но ние имаме тим и играчи кои можат да се заменат“, истакна Покетино.

Алдервејрлд ќе пропушти најмалку девет лигашки натпревари до февруари, вклучувајќи ги и дуелите против Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Педри пред една година објави мистериозна порака, сега е јасно што сакал да каже!

Педри Гонзалез не беше во стартниот состав кога Шпанија со 2:0 (1:0) ја победи Франција во…