Дома Трансфер зона Арсенал со последен обид да го задржи Озил

Арсенал со последен обид да го задржи Озил

Арсенал ќе достави последна понуда за својот плејмејкер Месут Озил, чии договор истекува на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Германецот категорично ја одби претходната понуда според која требаше да заработува 235.000 фунти неделно. Сега „топџиите“ ќе достават подобрена понуда која ќе изнесува блиску 300.000 фунти неделно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку Озил се согласи да го потпише новиот договор тој ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на клубот.

Според медиумите на Островот Манчестер Јунајтед и Барселона покажуваат силен интерес и веќе го контактирале агентот на 29-годишниот плејмејкер.

На „Емирати“ повеќе не веруваат во можноста да го задржат Алексис Санчез, но ќе направат се што е во нивна моќ да го задржат Германецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…