Џенаро Гатузо во вчерашниот натпревар со Милан стигна и до првата победа како тренер на овој клуб.
„Росонерите“ во рамките од 16 коло во Серија А ја совладаа Болоња со 2:1, два погодоци во овој натпревар постигна Боновентура.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум поради победите, им се заблагодарив на фудбалерите. Знам колку напорно работеа во текот на неделата, но сеуште имаме многу работа пред нас. Јас секогаш чуствувам притисок, се чуствувам како и кога го носев овој дрес цели 14 години, почестен сум што можам да го претставувам клубот кој го сакам“, зборуваше Гатузо.
Легендата на Милан откри и дека им се заканил на фудбалерите.
„Доколку играчите не го прават она што го барам од нив, ќе ги уништам за само седум дена“, истакнал Гатузо.