Дома Фудбал Бура по дербито: Сити бараше пенал во 97. минута, ВАР не виде игра со рака

Бура по дербито: Сити бараше пенал во 97. минута, ВАР не виде игра со рака

Бура по дербито: Сити бараше пенал во 97. минута, ВАР не виде игра со рака

Наместо само за четирите гола, по ремито меѓу Манчестер сити и Арсенал од 2-2 се зборува и за пеналот што не беше досуден во 97. минута. Спорната ситуација ги налути коментаторите на „Скај спортс“, кои сметаа дека Сити е оштетен во завршницата.

По еден корнер, Јошко Гвардиол шутираше со глава од непосредна близина, а топката, која се движеше кон голот, ги погоди рацете на Виктор Ѓокереш. Главниот судија Џон Брукс не ја прекина играта, по што следуваше проверка од ВАР-судијата Дарен Ингланд.

Образложението дека рацете на Ѓокереш биле во природна положба не ги убеди Гери Невил и Џејми Карагер. Двајцата уште во преносот оценија дека требало да биде покажано на белата точка.

„Тоа е чист пенал. Рацете му се како на голман, со нив ја блокира топката. Зошто му се кренати таму?“, реагираше Невил.

Тој беше особено остар кон ВАР-проценката, тврдејќи дека со рацете бил спречен сигурен гол и дека важноста на моментот не смее да влијае врз одлуката. Според Невил, колку подолго траела проверката, толку повеќе судијата барал причина да не досуди пенал.

Карагер ја нарече одлуката „шокантна“, а ниту Рој Кин не најде објаснување за исходот од проверката.

„Повторно ситуација што сите нè остава во недоумица. Не можам да ја разберам. Не можеме да поверуваме“, изјави Кин.

Фото: Bryan Berlin / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суле блесна, Рома ја наполни Монца – Мален ја расипа прославата со повреда

Рома славеше со 4-0 за петта последователна победа во Серија А. Матијас Суле постигна два …