Дома Кошарка Милер не можеше да го погоди кошот, а потоа се посрамоти со обид за тројка (ВИДЕО)

Милер не можеше да го погоди кошот, а потоа се посрамоти со обид за тројка (ВИДЕО)

Милер не можеше да го погоди кошот, а потоа се посрамоти со обид за тројка (ВИДЕО)

Наместо поени од својот најдобар стрелец, Шарлот доби вечер за заборав на Брендон Милер. Хорнетс загубија дома од Бруклин со 116-118, а 24-годишното крило постигна само четири поени за 32 минути и 37 секунди на паркетот.

Најнепријатниот момент за Милер дојде кога веќе имаше промашено 12 шута. При обид за тројка, со Џулиус Рендл пред него, топката му излезе од рацете, а тој повторно ја фати. Наместо да ја прекине лошата серија, заработи и судиски свиреж за чекори. Не беше јасно дали топката му се лизна или се обиде да избегне блокада, но снимката брзо стана вирална.

Првиот погодок од игра го запиша дури на 3:08 минути до крајот, при водство на Нетс од 115-105. Натпреварот го заврши со шут 1/14: погоди еднаш од седум обиди за два, ги промаши сите седум тројки, а двата слободни фрлања ги реализираше.

Тоа беше далеку од неговиот дотогашен просек од 20,9 поени, со кој беше прв стрелец на Шарлот. По овој дуел, Хорнетс имаат учинок 4-14, додека Бруклин стигна до 5-14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѓерѓа ја става Србија пред Литванија во трката за Мундобаскетот

Селекторот на БиХ очекува Србија и Италија да ги освојат преостанатите две места од групат…