Дома Фудбал Реал славеше, но Перишиќ си замина со два рекорда во ЛШ

Реал славеше, но Перишиќ си замина со два рекорда во ЛШ

Реал славеше, но Перишиќ си замина со два рекорда во ЛШ

Убедливиот пораз на ПСВ од Реал Мадрид не го остави Иван Перишиќ без причина да го памети гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“. Хрватскиот офанзивец го постигна единствениот гол за гостите, а тој погодок му донесе два рекорда во Лигата на шампионите.

Перишиќ реализираше пенал во 32. минута од натпреварот од петтото коло. Со 37 години и 295 дена, тој стана највозрасниот реализатор од белата точка во историјата на натпреварувањето, но и највозрасниот фудбалер што му дал гол на Реал во ЛШ.

ПСВ сепак не успеа да го претвори водството во изненадување. Мадриѓани постигнаа пет гола во второто полувреме и стигнаа до победа од 5:1.

На листата на највозрасни стрелци од пенал, Перишиќ го симна од врвот Серхио Рамос. Шпанецот во декември 2023 година погоди за Севилја на возраст од 37 години и 257 дена. Хрватот уште минатата година беше трет во оваа категорија, зад Рамос и Лука Модриќ, а сега ги остави двајцата зад себе.

Погодокот во Мадрид му донесе напредок и меѓу највозрасните стрелци воопшто во Лигата на шампионите. Перишиќ сега е четврти, откако го мина Рајан Гигс, чиј последен гол во елитното натпреварување беше постигнат на 37 години и 289 дена.

Пред него остануваат само Пепе, Давид Луиз и Франческо Тоти. Рекордер е Пепе, кој во декември 2023 година погоди за Порто со 40 години и 290 дена. Луиз е втор благодарение на голот за Пафос против Монако во ноември минатата година, по корнер на Мислав Оршиќ. Третото место го држи Тоти, стрелец за Рома во ноември 2014 година на возраст од 38 години и 59 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фејенорд – Порто 0:1: Автогол на Таргалин во 2. минута одлучи во Ротердам

Порто во петтото коло од Лигата на шампионите славеше во Ротердам со 1:0. Единствениот гол…