Дома Тенис Цонга за големата тројка: Беа подготвени да жртвуваат и здравје за успех

Цонга за големата тројка: Беа подготвени да жртвуваат и здравје за успех

Цонга за големата тројка: Беа подготвени да жртвуваат и здравје за успех

За Жо-Вилфрид Цонга, разликата меѓу тениската голема тројка и остатокот од конкуренцијата била во цената што биле подготвени да ја платат за успех. Новак Ѓоковиќ, Роже Федерер и Рафаел Надал, според него, не оставале ништо на случајноста, дури и кога тоа барало жртвување на здравјето и на начинот на живот.

Цонга одблиску ја почувствува нивната доминација. Токму тој му беше противник на Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен во 2008 година, кога Србинот ја освои својата прва гренслем-титула. Тројцата големи ривали заедно стигнаа до 66 гренслем-трофеи.

Осврнувајќи се на нивниот пристап, Цонга особено ја издвои преобразбата на Ѓоковиќ. Французинот се сеќава на период кога се чувствувал рамноправен со него, но потоа забележал дека Новак почнал да воспоставува контрола врз секој дел од својот живот. Токму таа промена ја посочи како пример за посветеноста што ги одвоила најголемите од останатите.

Сличен однос кон деталите препознал и кај Федерер. Според Цонга, Швајцарецот внимавал на сè во своето опкружување, па дури и на тоа кој зборувал во негова близина.

А дали кариерата на Цонга ќе изгледала поинаку ако припаѓал на друга генерација? На тоа прашање тој нема сигурен одговор. Наместо да претпоставува што можело да биде, ја нагласи исклучителноста на ривалите со кои се соочувал: играчи што во период од две децении ги собирале најголемите трофеи и одржувале доминација каква што ретко се гледа во спортот.

Фото: si.robi / Wikimedia Commons, CC BY-SA 2.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Андреева освои луксузен „Мерцедес“, но засега ќе биде само совозач!

Тенисерката доби специјално изработен кабриолет со 476 коњски сили, но нема возачка дозвол…