Дома Фудбал Тропна Јунајтед уште еднаш на вратата на Гризман: Французинот го откри новиот клуб и лесно им кажа „НЕ“ на „Ѓаволите“

Тропна Јунајтед уште еднаш на вратата на Гризман: Французинот го откри новиот клуб и лесно им кажа „НЕ“ на „Ѓаволите“

Претставниците на Манчестер Јунајтед тропнаа уште еднаш на вратата на Антоан Гризман и добија јасен одговор – следната станица нема да биде „Олд Трафорд“, туку Барселона.

Така барем тврди Мундо Депортиво, повикувајќи се на свои блиски извори, по кои Ед Вудворд лично ги контактирал претставниците на Гризман и доби јасен одговор дека Французинот сега е во рацете на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа вести пристигна само два дена откако Атлетико испадна од Лигата на шампионите и тоа како што се наведува било капката која ја прелила чашата, Гризман е свесен дека доволно ги испочитувал Мадриѓаните, во текот на забранта од страна на УЕФА и по истекот на суспензијата, побарал да замине во Барселона.

Атлетико нема да се прашува многу, договорот изминатото лето според новиот договор беше таков што клаузулата од јуни 2018. ќе биде 100 милиони евра, што Барселона ќе ги плати.

Желбата на Гризман е да игра покрај Меси, да се обиде да го дополни недостатокот на Нејмар и Барселона да се врати на врвот на Европа и истовремено да го донесе кај себе трофејот од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…