Дома Кошарка Тежок удар за Фенербахче: Мели и Ки оперирани, се најавува долга пауза

Тежок удар за Фенербахче: Мели и Ки оперирани, се најавува долга пауза

Тежок удар за Фенербахче: Мели и Ки оперирани, се најавува долга пауза

Фенербахче останува без двајца важни кошаркари во внатрешната линија. Николо Мели и Бракстон Ки мораа на операции, а информациите за нивното можно отсуство најавуваат сериозен проблем за турскиот шампион.

Клубот соопшти дека хируршките интервенции поминале успешно. „Еурохупс“, пак, објави дека за двајцата се очекува пауза од шест до осум месеци.

Кај Мели била извршена артроскопија на левото колено поради скинат менискус. Ки бил опериран по отворената скршеница на средниот прст на десната рака.

Нивното отсуство ги намалува опциите на Шарас под кошевите. Двајцата првенствено ја покриваат крилната центарска позиција, но добиваат минути и како центри, особено Мели.

И бројките покажуваат колку се значајни за ротацијата. Ки е најдобриот скокач на Фенербахче со 4,7 скока по натпревар, на кои додава 7,8 поени за речиси 22 минути на паркетот.

Мели, кој има 35 години, сезонава бележи 4,8 поени и 4,4 скока за нешто повеќе од 20 минути. Со тој просек на скокови е веднаш зад Ки, израмнет со Бингам и Шилдс. Неговиот придонес е особено важен и во одбраната, при преземањата по блоковите.

Ниту Мели ниту Ки не настапија во убедливата победа на Фенербахче над Асвел со 115-81.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов проблем за Макаби: Лундберг мора на операција, враќањето се одложува

Болките во десното колено го променија планот за рехабилитација на Ифе Лундберг. Данскиот …