Дома Фудбал Навредите за Кинезите и Јапонците го чинеа суспензија: ФА казни судиски контролор

Навредите за Кинезите и Јапонците го чинеа суспензија: ФА казни судиски контролор

Навредите за Кинезите и Јапонците го чинеа суспензија: ФА казни судиски контролор

Девет недели надвор од сите фудбалски активности, парична казна и задолжителна едукација – тоа е епилогот од дисциплинската постапка против искусниот судиски контролор Брајан Керсон. Англиската фудбалска асоцијација го санкционираше поради навредливи коментари за Кинезите и Јапонците пред дуелот меѓу Лутон и Ротерам.

Независната дисциплинска комисија оценила дека неговите зборови се поврзани со етничкото потекло или националноста, па случајот бил разгледуван како потежок дисциплински прекршок. Покрај суспензијата, Керсон треба да плати 200 фунти, приближно 230 евра, да посетува едукативна програма и добил официјално предупредување за идното однесување.

Пријавата произлегла од разговор во клупскиот салон на „Кенилворт роуд“ на 15 ноември 2025 година. Керсон бил на стадионот за да ја следи и оценува работата на судиите на натпреварот од Лига еден, третиот ранг на англискиот фудбал.

Додека седел со уште неколку лица, се разговарало и за размена и патување во Јапонија. Според утврденото во постапката, тој тогаш рекол дека Кинезите и Јапонците „сите изгледаат исто“, а потоа продолжил со несоодветни шеги за нивната висина.

Присутните почувствувале непријатност и по разговорот решиле да го пријават однесувањето до надлежните органи. Нивните сведочења биле дел од утврдувањето на околностите во кои биле изнесени коментарите.

Комисијата ги отфрлила ваквите забелешки како очигледно непримерни стереотипи. Токму поврзаноста на навредите со националноста и етничкото потекло била клучна за дисциплинската оценка на случајот.

Фото: Telegraf

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Езекиел Бахер се обиде да измами со додавање од рака, но топката му заврши во сопствената …