Дома Фудбал Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Наместо мирно да започне акција откако ја фати топката, Езекиел Бахер му подари гол на противникот. Голманот на Комуникасионес беше во центарот на необична ситуација во аргентинската Примера Б, со автогол што го одбележа дуелот со Арсенал Саранди.

Се играше само третата минута од четвртфиналниот натпревар во плејофот кога домашниот чувар на мрежата се обиде да изведе финта. Ја имаше топката во рацете и сакаше да симулира додавање, но наместо да ја задржи контролата, направи грешка.

При движењето со кое сакаше повторно да ја повлече топката кон себе, таа му се лизна од раката и заврши зад него, во неговиот гол. Обидот да го надмудри противникот така се претвори во неочекуван подарок за гостинскиот состав.

Комуникасионес на крајот го загуби натпреварот со 2-3, па киксот на Бахер доби уште поголема тежина. Арсенал Саранди си замина со победа од гостувањето и со предност пред реваншот.

За домаќините останува потешкиот дел: во вториот натпревар ќе треба да ја надоместат негативата за да го продолжат настапот во плејофот. Во продолжение погледнете како Бахер несреќно ја испрати веќе фатената топка во сопствената мрежа.

Фото: U.S. District Court for the Southern District of New York. 1814 / Wikimedia Commons, Public domain

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Калајџиќ ја однесе Австрија во Лига А, Ирска пред клучен дуел со Косово

Австрија со гол во 79. минута ја совлада Република Ирска со 1-0 и обезбеди пласман во Лига…