
Потрагата на Јувентус по лев бек би можела повторно да го одведе торинскиот клуб кај Тотенхем. Според „Газета дело спорт“, Дестини Удоџи е една од опциите за засилување во јануарскиот преоден рок.
На врвот на листата желби е Рајан Аит-Нури од Манчестер сити, но тешкотиите околу можен договор го насочуваат вниманието и кон италијанскиот репрезентативец. Јувентус веќе потврди дека бара засилување на левата страна во одбраната на тимот на Лучано Спалети.
За Удоџи, пак, промената на средината би можела да биде можност да ги врати самодовербата и физичката подготвеност по проблемите со повредите. Сезонава има седум настапи за Тотенхем во сите натпреварувања.
Спалети добро го познава бекот: токму тој му го овозможи дебито за сениорската репрезентација на Италија во октомври 2023 година. Сепак, Удоџи повеќе од една година нема добиено репрезентативен повик.
Евентуалното заминување во Торино би ја продолжило соработката меѓу двата клуба, кои во изминатите месеци ги договорија позајмиците на голманот Гуљелмо Викарио и играчот од средниот ред Пап Матар Сар.
Тотенхем го купи Удоџи од Удинезе во 2022 година за 18 милиони евра, со дополнителни бонуси што можат да достигнат уште седум милиони.
Фото: MichaelEmilio / Wikimedia Commons, CC BY 4.0