
Отсуството на Ламин Јамал од гостувањето кај Чешка отвори полемика за неговиот статус во шпанската репрезентација. Луис де ла Фуенте ги отфрли тврдењата за повластен третман и порача дека одлуката била донесена за да се заштити здравјето на фудбалерот.
По дуелот на Барселона со Атлетико Мадрид, репрезентативните лекари утврдиле воспаление и присуство на течност во десното колено на 19-годишниот Јамал. Поради тоа, тој не отпатува за натпреварот од Лигата на нации против Чешка, туку остана на клупски третмани.
Објаснувајќи го потегот пред шпанските медиуми, Де ла Фуенте нагласи дека и за кој било друг репрезентативец би постапил на истиот начин. Целта, според него, била да се избегнат дополнителни компликации, а не да му се доделат привилегии на Јамал.
Селекторот не го криеше незадоволството од обвинувањата. Посочи дека невистините и измислиците го натерале да открие повеќе детали отколку што првично сметал дека е потребно, за јавноста да ја добие вистинската слика.
Се очекува Јамал да биде на располагање за средбата со Англија во недела, на 15 ноември. Во шпанскиот дрес досега има 37 настапи и 11 погодоци.
Фото: Република