Дома Фудбал Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Дресот на Арсенал кратко остана на Деле Али, а потоа заврши во пламен. Поранешниот англиски репрезентативец го прикажа палењето во пренос на Твич, откако претходно мораше да го облече по загубен предизвик со американскиот стример Ајшоуспид.

Триесетгодишниот фудбалер, кој седум години го носеше дресот на Тотенхем, потоа објави и фотографија од уништениот дрес на подот. До него стоеше апарат за гаснење пожар, а пораката до Спид беше дека договорот го исполнил, но дека следувале и „последици“.

Целата епизода почна со два пораза во EA Sports FC 27. Али и Спид се договориле поразениот да го облече дресот на Арсенал. Со оглед на минатото на Али во редовите на најголемиот ривал на „топчиите“, предизвикот за него имаше посебна тежина.

Прво, Али играше со ПСЖ и загуби со 7:2 од Баерн на Спид. Ниту промената на екипата не му помогна: со Ал Кадисија беше поразен со 4:2 од Ал Наср. Во еден момент нервозата ја истури врз контролерот, кој го фрлаше на подот и го скрши.

По поразите објави фотографија на Инстаграм во дресот на Арсенал. Им се извини на навивачите на Тотенхем, објасни дека мора да го испочитува договорот и му честиташе на Спид. Сепак, следната објава покажа дека нема намера да го зачува дресот.

Неговиот однос кон лондонското ривалство не е новост. Уште во 2016 година Али изјави дека попрво би ја завршил кариерата отколку да заигра за Арсенал.

Додека привлекува внимание на интернет, неговото враќање на терените останува неизвесно. Без клуб е од септември 2025 година, кога заврши неговиот ангажман во Комо. Последниот официјален настап го имаше во март истата година: на дебито за италијанскиот клуб доби црвен картон само девет минути откако влезе во игра.

Во потрага по нова можност тренираше со англискиот нижолигаш Барнет и со полупрофесионалниот Виндзор и Итон. Тоа е сосема поинаква слика од периодот кога важеше за еден од најголемите светски таленти, беше интересен за Реал Мадрид и имаше проценета вредност од 100 милиони евра.

Најсилните години ги помина во Тотенхем, за кој од 2015 до 2022 година запиша 269 натпревари и 67 гола. Со клубот стигна до финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, а за Англија одигра 37 средби, меѓу нив и полуфиналето против Хрватска на Светското првенство во 2018 година.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио воодушевен од Спенс: Во Италија може да игра со врзани очи!

Две асистенции на последните два натпревари на Интер му донесоа на Џед Спенс големи пофалб…