Дома Кошарка НБА со пократки натпревари? Силвер е за 40 минути кошарка

НБА со пократки натпревари? Силвер е за 40 минути кошарка

НБА со пократки натпревари? Силвер е за 40 минути кошарка

Четвртини од по 10 наместо 12 минути – тоа е идејата на која благонаклоно гледа комесарот на НБА, Адам Силвер. Според новинарот на „Спортс илустрејтед“, Крис Маникс, првиот човек на лигата го поддржува скратувањето на натпреварите од 48 на 40 минути, со што НБА би го прифатила форматот што се користи во ФИБА и Евролигата.

Темата повторно добива тежина поради повредите и честите отсуства на најголемите имиња. Во фокусот се оптоварувањето на кошаркарите и календарот со 82 натпревари во регуларната сезона.

Ова не е нов став на Силвер. Уште во јануари 2025 година тој се изјасни во прилог на четири десетминутни периоди, посочувајќи дека НБА е меѓу исклучоците во светската кошарка со натпревари од 48 минути. Неговото размислување беше и дека телевизиски пренос од приближно два часа подобро би одговарал на навиките на современата публика.

Сепак, пократок натпревар не значи нужно и значително помала минутажа за ѕвездите. Токму тоа е една од резервите на Маникс, кој се сомнева и во финансиската изводливост на ваквата промена.

„Не гледам како тоа би било изводливо од финансиски аспект. Исто така, не мислам дека многу би влијаело врз минутажата на ѕвездите“, оценува Маникс.

Неговата порака е дека лигата мора да реагира пред проблемот дополнително да се зголеми. Според Маникс, од четирите најголеми американски спортски лиги, НБА најмногу зависи од своите ѕвезди: публиката купува билети за да ги гледа најдобрите, а нивното отсуство е сериозен проблем.

Засега станува збор за идеја што ја поддржува Силвер, а не за донесена одлука за промена на времетраењето на натпреварите.

Фото: Governor Eric Holcomb / Wikimedia Commons, Public domain

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Плукањето кон судиите го чини Куманово 30.000 денари, казна и за Скопје

Куманово доби финансиска санкција за однесувањето на навивачите против Кожув. Скопје ќе пл…