Дома Кошарка Леброн нема дилема: Кајри е најталентираниот што сум го гледал!

Леброн нема дилема: Кајри е најталентираниот што сум го гледал!

Леброн нема дилема: Кајри е најталентираниот што сум го гледал!

За Леброн Џејмс, кога се зборува за кошаркарски талент, Кајри Ирвинг е на врвот. Во разговорот со Стив Неш во подкастот Mind the Game, Џејмс објасни зошто поранешниот соиграч од Кливленд и натаму успева да го воодушеви.

Неш оцени дека Ирвинг можеби е најталентираниот кошаркар што некогаш ја играл оваа игра, а Леброн без двоумење се согласи.

„Да, тој е најталентираниот играч што сум го гледал. А сум гледал многу кошарка и сум одиграл многу кошарка“, рече Џејмс.

Контролата на топката, движењата на телото и начинот на кој завршува под кошот се квалитетите што Леброн ги издвои кај Ирвинг. Како пример посочи акција од плејоф-дуел на Далас со Лос Анџелес клиперс, во која Кајри повеќепати ја менувал положбата на топката во воздух и успеал да реализира преку одбраната.

„Ја гледав акцијата во забавена снимка и си помислив: ‘Како го направи ова?’ Всушност, не знам ни зошто го кажав тоа, бидејќи три години како негов соиграч ги гледав таквите работи одблиску. Сепак, тоа не е нешто што се гледа секој ден. Беше неверојатно“, раскажа Леброн.

Пофалбите не се однесуваа само на неговите мајстории со топката. Џејмс го следел и подготвителниот натпревар против Хјустон по враќањето на Ирвинг од сериозната повреда на коленото и бил задоволен од неговото движење.

Според Леброн, Кајри изгледал опуштено и повторно ги изведувал препознатливите нагли запирања, забрзувања и шутеви од една нога.

Двајцата делеа соблекувална во Кливленд три сезони, а нивниот најголем заеднички успех дојде во 2016 година. Кавалирс надоместија негатива од 1-3 против Голден стејт во финалето и ја освоија првата НБА-титула во клупската историја.

Ирвинг остави посебен белег во решавачкиот седми натпревар, со клучната тројка во завршницата која остана еден од највпечатливите моменти на шампионската серија.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Плукањето кон судиите го чини Куманово 30.000 денари, казна и за Скопје

Куманово доби финансиска санкција за однесувањето на навивачите против Кожув. Скопје ќе пл…