Некогаш најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ќе настапи на првиот Гренд Слем турнир во 2018. година кој се игра во јануари во Мелбурн.
Организаторот на Австралија Опен соопшти дека Серена ќе настапи на турнирот, на кој ќе го брани насловот од 2017. година, каде до тронот стигна во првите месеци од својата бременост.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во меѓувреме Серена се успешно породи и спремна е за враќање на терените, а првиот настап е закажан за почетокот на следната година.
Серена Вилијамс до сега освои 23 Гренд Слем титули, а на Австралија Опен триумфираше 7 пати.