Дома Фудбал Ултрасите на Интер со остра порака: „Немавте храброст ни да нè поздравите“

Ултрасите на Интер со остра порака: „Немавте храброст ни да нè поздравите“

Ултрасите на Интер со остра порака: „Немавте храброст ни да нè поздравите“

Поразот во градското дерби предизвика револт кај најжестоките навивачи на Интер. Пред „Сан Сиро“ се појави транспарент со кој Курва Норд им испрати директна критика на фудбалерите по 3-1 против Милан.

Во центарот на незадоволството не е само резултатот. Ултрасите им забележуваат на играчите за пристапот во дербито, но и затоа што по последниот судиски свиреж го напуштиле теренот без да ги поздрават навивачите на северната трибина.

„Го загубивте дербито без да играте. Немавте храброст ни да нè поздравите“, гласи пораката на транспарентот.

За Интер ова беше првиот пораз во Серија А во сезоната 2026/27, но фактот што дојде токму против градскиот ривал очигледно дополнително го засили незадоволството на трибините.

Во меѓувреме, Лацио со неделната победа се одвои на врвот. Интер е втор на табелата, со три бода помалку од римскиот тим.

Фото: POAN68 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…