Дома Фудбал Астон Вила најави правна постапка против Карагер: Навредите нема да поминат!

Астон Вила најави правна постапка против Карагер: Навредите нема да поминат!

Астон Вила најави правна постапка против Карагер: Навредите нема да поминат!

Астон Вила најави дека ќе поведе правна постапка против Џејми Карагер поради навредливите коментари за клубот и неговите навивачи во емисијата „The Overlap“.

Повод за судирот беше разговорот за Унаи Емери и можноста тој да седне на клупата на Манчестер јунајтед. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул тврдеше дека шпанскиот стратег треба да ја прифати таквата шанса, со образложение дека можеби нема повторно да добие можност да води толку голем клуб.

Карагер ја бранеше својата теза преку, како што ја опиша, хиерархијата во фудбалот. Како пример го посочи трансферот на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, додавајќи дека и Вила може да зема играчи или тренери од клубови под неа.

Но, дискусијата доби поинаков тон кога Карагер со пцовка им порача на навивачите на Вила да замолчат, а потоа изјави: „Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер јунајтед“.

Од клубот возвратија со соопштение потпишано од претседателот Насеф Савирис. Во него коментарите се оценуваат како неприфатливи навреди кон Астон Вила и нејзините приврзаници, поради што е најавено преземање правни мерки против Карагер.

Вила во реакцијата нагласува и дека нема да дозволи никој да го запре нејзиниот подем во англискиот и европскиот фудбал. Така, телевизиската дебата за иднината на Емери прерасна во отворен спор меѓу клубот и поранешниот англиски репрезентативец.

Фото: Ludovic Péron / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас за Кин: Не купивме повреден играч, проблемот се појави во репрезентацијата

Моиз Кин го чекаат уште околу пет недели пауза, а Фабрегас тврди дека повредата настанала …